«

»

Aug 29

Пожарот кај Добровени и Живојно премина на грчка страна

Пожарот кој беснееше кај битолските погранични села Живојно и Добровени е сеуште ективен но премина на грчка страна,известуваат од Центарот за управување со кризи.

„Пожарот е сеуште е активен но ветерот му го промени правецот и сега се префрли на грчка територија.Со заложба на пожарникарите, бработените од шумското претпријатие Кајмакчалан и локалното население беше спречено огнената стихија да ги зафати битолските села“ велат од ЦУК.

Правиме се што е во наша моќ пожарот да се локализира, но со оглед дека станува збор за тешко пристапен терен тешко ни оди  а целиот пограничен регион кон Грција е обвиен во чад, вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

„Гори сува трева и ниско стеблеста вегетација, станува збор за многу непристапен терен и ние уште на почетокот на летото тоа многу пати го нагласувавме тој проблем и апелиравме за внимателно движење во тие предели. Нон стоп сме на терен и ја следиме ситуацијата , постојано сме во контакт со пожарникарите, Центарот за управување со кризи , шумското претпријатие, а на терен се и пожарникарите волонтери од летниот камп се со цел да се спречи состојбата да ескалира и да се изгасни огнот“ рече градонаначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Во Македонија активни пожари има  на неколку локации меѓу кои пожарот во националниот парк „Јасен“, во Липковско, Негорци гевгелиско ,општина Јегуновце и општина Кисела вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php