«

»

Aug 24

Градежните работи во општина Новаци продолжуваат со несмален интензитет

Градежните работи продолжуваат со несмалено темпо со цел општина Новаци да стане вистинска европска општина која на своите жители ќе им создаде пријатно место за живеење. Градоначалникот Лазар Котевски вели дека тој ќе го оствари тоа што го ветил, и не само тоа туку и многу повеќе.

„Изградена е бехатон патека кај гробиштата во село Новаци, која чинеше 360 000 денари, средства на општината. Направено е партерно уредување позади поштата во село Новаци каде се прави и детски забавен парк, а за овој проект одвоени се 350 000 денари. И селото Добромири доби партерно уредување за што општината потроши  2 150 000 денари“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Покрај уредување на урбани простори во населените места , општина Новаци ќе пристапи и кон изградба на пешачки мостови.

„Во периодот кој следи планираме да се изгради пешачки мост во с.Градешница, а исто така ќе направиме и партерно уредување на река Коњарка,“ вели Котевски.

Во изминатиот период исто така изградена е рампа за претовар на жито и реконструирана е вага за мерење на жито во с. Бач.Вредноста изнесува 360 000 денари, средства на општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php