«

»

Aug 21

Австралиски инвеститори заинтересирани за отворање бизнис во о.Новаци

За два месеци општина Новаци ја посетија двајца градоначалници од Австралија, првиот пат на градот Рокдејл, а сега и градоначалникот на општина Данденонг-Мелбур, Џим Мемети. Покрај размената на искуства за работата на двете локални самоуправи се разговараше и за можната бизнис соработка.

„Ваквите соработки се од обострана корист, особено за нашата општина, бидејќи црпиме искуства за работењето на локалната самоуправа а тие се една голема општина со 1000 вработени за разлика од нас кои сме многу мала општина во споредба со нивната. Исто така го цениме нивниот патриотизам и заинтересираноста да инвестираат во нивното родно место во Македонија, наместо во Кина, Индонезија итн. Тоа е од голема корист за нашата општина “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Големата светска економска криза се чувствува и на територија на Австралија, па така нашите бизнисмени таму се во потрага на нови по доходовни пазари, а межу нив е и Македонија, рече градоначалникот на Деанденонг, Џим Мемети.

„Би сакал да се заблагодарам за свечениот прием на општона Новаци.Градоначалникот Котевски кога беше во Австралија бече во општина Данденонг и нашата соработка ќе продолжи и понатаму. Фабриките кои работата на наша територија имаат одредени проблеми со скапијата, па бараат нови подрачја каде ќе го префрлат својот бизнис а едно од тие емста е и општина Новаци.  “ рече градоначалникот на Данденонг, Мелбурн, Австралија, Џим Мемети.

Градоначалникот Котевски верува дека општина Новаци ќе стане многу поинтересна за инвеститорите од следната година кога ќе се започне со продажба на парцели во индустриската зона.

„Ние имаме неколку заинтересирани инвеститори од Австралија кои досега се обратиле кај нас за информации. Имаме еден бизнисмен од Мелбурн кој е претставник на Мерцедес, Ауди и Фолсваген кој е заинтересиран за локации и за инвестирање, “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Градоначалникот Котевски му додели титула почесен граѓанин на Општина Новаци на градоначалникот на Данденонг, Мелбурн, Австралија, Џим Мемети а во скоро време двата челници ќе договорат и збратимување на овие две општини.

   

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php