«

»

Aug 17

Голема акција за асфалтирање на улиците во општина Новаци

Започна големата акција на општина Новаци за асфалтирање на локалните улици на нејзина територија. Сите градежни зафати треба да завршат до крајот на ова година вели градоначалникот Лазар Котевски.

„Асфалтирањето на локалните улици во Општина Новаци започна од 6 август и ќе трае се до крајот на годината односно колку што овозможуваат временските прилики. Ќе се асфалтираат патишта во должина од 4 кми тоа во селата: Далбеговци, Добромири, Новаци, Горно и Долно Агларци, Рибарци, Гнеотино, Гермијан, Бач и Живојно. Вредноста на проектот изнесува 17 милиони денари средства на општината добиени од Платежна агенција за патишта“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Општина Новаци изработила проекти за асфалтирање на улици низ општина Новаци во вредност 55 000 денари а започна и со поставување на тротоари во с. Новаци во должина од 1 км  за што се потрошени 1,9 милиони денари.

 

 „Направено е бетонирање на патот R 509 од манастирот Мала Богородица во село Новаци , вредност 300 000 денари а изграден е и пристапниот пат до црквата и манастирот во с.Живојно, вредност 360 000 денари, средства на општината. Ќе започнеме и со асфалтирање на локални патишта со средства од кредит од Светска банка и ЕБОР и тоа патните правци: Р 509 -Мегленци во должина од 2,5 км, патниот правец Мегленци-Арматуш во должина од 5 км, патниот правец Старавина-Зовиќ во должина од 5 км, патниот правец Р 120 – Брод во должина од 2,5 км, патниот правец Рибарци и Гнеотино во должина од 6 км“ вели градоначалникот Котевски.

Паралелно со асфалтирањето се прави и крпење на дупките, информира градоначалникот Котевски.

„Покрај асфалтирањето на оние локални патишта каде не е предвидено асфалтирање се врши крпење на дупките и тоа на регионалниот патен правец Р 112 Новаци – Добромири и санирање на регионалниот пат Гермија – Бач за што се планира да се потрошат 360 000 денари“, вели градоначалникот Котевски.

Покрај санацијата на патиштата се врши и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација.

„ Поставени се по две сообраќајни помагала т.е „легнати полицајци“  во селата Новаци и Рибарци, вредност 250 000 денари средства на општината. Се поставуваат знаци и патокази низ општина Новаци, со средства од Центарот за развој на Пелагонискиот Плански Регион “, вели градоначалникот Котевски.

За потребите на жителите на општина Новаци, градоначалникот информира дека се поставени две автобуски постојки во село Добромири за што се потрошени 360 000 денари општински пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php