«

»

Aug 16

Прославен празникот посветен на Маченикот св.Стефан во Гнеотино

Со звуците на македонските патриотски песни во присуство на многубројните мештани и иселеници кои дошле на посета на родната грутка беше прославен верскиот празник посветен на маченикот св.Стефан. Народната веселба беше збогатена и со присуството на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски кој многу придонесол за развој на овие краишта и за изградба на манастирот.

„ Многу ми е драго што гледам толкава посетеност на манастирот и тоа не само од локалното население туку и наши иселеници. Тоа е многу значајно за зачувување и негување на македонската традиција. Јас како градоначалник на општина Новаци многу пати сум помагал а ќе помагам и понатаму во доизградба и фрескоживописување на манастирот“ рече градоначалникот Котевски.

Котевски им вети на месното население дека до крајот на оваа година ќе се асфалтира патот Рибарци-Гнеотино со средства кои ќе се обезбедат  со кредит од Светска банка и ЕБОР.

„ До крајот на оваа година ќе ги добиеме средствата од кредитот од Светска банка и ЕБОР и ќе го асфалтираме патот кој ги поврзува селата Рибарци и Гнеотино, а до 2013/2014  година ќе го асфалтираме и патот од с.Гнеотино до с.Брод , за да ви го скратиме патувањето да не се мачите и да патувате подолго преку Битола“ рече градоначалникот Котевски.

Градоначалникот им порача на сите присутни дега догодина очекува двојно повеќе гости заедно да го прослават празникот кој го слави маченикот свети Стефан, кој е првиот маченик кој ја пролеа својата крв за Исус Христос. Тој бил Евреин роден во странство, кој живеел во Ерусалим и на црквата му се придружил многу млад. Свети Стефан бил еден од седумте ѓакони назначени од апостолите да се грижат за старите жени, вдовиците и сирачињата. Поради залагањето за христијанството бил осуден на смрт со каменување.

     

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php