«

»

Aug 15

Наскоро фонтана и споменик на војводата Дедо Кољо Добровенски во дворот на општина Новаци

Дворот на општинската зграда во Новаци наскоро ќе го краси прекрасна фонтана во која ќе биде поставен пет метарскиот споменик на Дедо Кољо Добровенски мариовско-леринскиот војвода чиј потомок е градоначалникот Лазар Котевски. Веќе се при крај административните процедури а победник на изборот за идејното решение е шифрата „Фиренца“ чиј автор на споменикот е Димитар Филиповски од Скопје.

„Ова е се со цел да се се обнови малку општината и да му се оддаде почит на единствениот војвода од овој крај, чиј потомок сум јас . Ќе се направи уредување на општинскиот парк ,патека за пристап и споменик на дедо Кољо војводата кој ќе биде поставен во фонатаната а веќе е распишан и тендер за идејно решение за изработка на споменикот.“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

За споменикот општината планира да издвои 32 000 евра додека  фонтаната, партерното уредување и паркот ќе чинат околу 1,9 милиони денари . Градежните работи се очекува да завршат до месец октомври.

„Планираме да направиме еден мал рекреативен центар , партерно уредување со клупи кој ќе биде осветлен и доста посетен од новачани“ вели градоначалникот Котевски.

Општина Новаци на есен исто така  планира да се всели во новата надградба на општинската зграда за која веќе се изработува мебел и опрема во вредност 2 400 000 денари. За реконструкцијата на првата фаза на зградата се потрошени 10,5 милиони денари, додека за втората фаза се планирани дополнителни 1,9 милиони денари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php