«

»

Aug 14

Се работи на подобрување на водоводната инфраструктура на територијата на општина Новаци

Општина Новаци континуирано работи на подобрување на водоводната инфраструктура на нејзина територија а најновите зафати се прават во селото Арматуш каде има околу 40тина куќи. Вредноста на водоводот кој се гради изнесува 2,7 милиони денари а средствата се одвоени од Фондот за фосилни горива.

„Жителите на селото досега користеа вода од извори која не беше бактериолошки исправна и чиста , но затоа сега ќе можат да ги користат благодетите на водоводот“ вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски

Претходно чиста вода за пиење доби и селото Грумази каде се изгради локален водовод, вели Котевски.

„Изграден е локален водовод и во во селото Грумази , вредност на проектот  изнесува 360 000 денари, средства на општината.Во селото има 15 тина куќи кои сега ќе можат да пијат бактериолошки чиста и исправна вода“ вели градоначалникот Котевски.

Исто така предвидена е и реконструкција на секундарната водоводна мрежа во неколку села во општина Новаци.

„Паралелно со израдбата на водоводни системи ќе се започне и со изградба на канализациони  мрежи во селата:Добромири, Рибарци, Гермијан и Бач.Изградени се и  5 водопоила за потребите на стоката во селата: Старавина, Арматуш, Гермијан , Бач и Живојно.Средстават се општински а вредноста на водопоилата изнесува 1,8 милиони денари“ вели Котевски.

Во изминатиот период општината изработила проекти за линиска инфраструктура за поставување на водоводи , за што се потрошени 165 000 денари, општински средства. Изградена е и подвижна брана за наводнување во с. Рибарци а исчистен е и 10-тиот канал ,за што се потрошени 3 960 000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php