«

»

Aug 14

Промовирано првенчето “Лулки од стремеж” на Елизабета Јончиќ

Во прекрасниот двор на манастирот Мала Богородица во Новаци во присуство на мноштво гости, беше промовирана првата стихозбирка „ Лулки од стремеж“ на авторката Елизабета Јончиќ.Покровител на книгата е градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„ Чест ми е што сум дел и покровител на еден ваков убав настан, како што е промоцијата на првата книга која носи наслов „ Лулки од  стремеж“ на нашата сожителка Елизабета Јончиќ.Морам да признам дека сум пријатно изненаден што во општина Новаци имаме вакви таленти кои своите мисли ги преточиле во убави песни и ги крунисале со една ваква убава книга .Општина Новаци во рамки на своите можности им помага и ќе продолжи да им помага на сите талентирани жители кои ќе сакаат својот талент да го извадат на виделина. И посакувам успех на Елизабета Јончиќ и се надевам дека нема да застани тука и дека нејзиниот творешки опус ќе биде збогатен со уште многу, многу книги во иднина. “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Во своето обраќање до присутните градоначалникот Котевски изрази уверување дека Елизабета Јончиќ ќе биде пример и поттик за другите жители на општина Новаци кои имаат талент да не го кријат туку да го извадат на виделина.

           

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php