«

»

Aug 09

Се одржаа 12-тите Пелагониски Научни Средби

Со научен собир и читање на поезија во манастирот Св.Петка во село Маково , се одржа традиционалната 12 та по ред Пелагониска научна средба чиј покровител е градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„Со ваквите културни настани ние се афирмираме како и нашата општина и нашето културно богатство, особено во Мариово, и служи како отскочна даска“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

На овогодинешните научни средби учество зедоа голем број научни работници кои на собирот кој се одржа во просториите на општина Новаци разменија различни мислења ,дускусии и факти за овој крај,  кои ќе бидат објавени во зборник.

„За разлика од порано, иако во Новаци беа посиромашни, кај луѓето имаше веселост.Сега со миграцијата, остануваат старите луѓе“ изјави Богоја Таневски, организатор на средбите.

Во рамките на научните средби се зборуваше и за битолскиот фолклор а се посвети големо внимание на поезијата и прозата создадена од авторите учесници на средбите кои потекнуваат од овие краеви.

„Традицијата има останато од средновековието во Македонија, цела Македонија, така и Новаци изобилуваат со христијанско-црковни мотиви кои оставиле траги на фолклорот, “ изјави проф.Д-р Вера Стојчевска Антиќ.

„Кога ќе се соберат сите изданија, ќе се чудат генерациите“ изјави проф.д-р Благоја Брајановски, учесник на средбите.

На пелагониските научни средби се дискутираше и за сточарството и ветеринарството во мариовскиот крај, кои како земјоделски гранки имаат голема традиција.

„Болестите на животните имаат карактеристични називи, на пример болеста „ голак “ која има турско потекло значи сплина“ вели проф.д-р Борис Анѓелков, учесник.

На Пелагониските културно научни средби учествуваа 18 автори со 20 свои трудови кои ќе бидат овековечени во зборник.

    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php