«

»

Aug 08

Горно Агларци наскоро со ракометно игралиште и детски забавен парк

Продолжува грижата за најмладите жители на општина Новаци , благодарение на залагањето на градоначалникот Лазар Котевски и селото Горно Агларци наскоро ќе добие ракометно игралиште и детски забавен парк.

„Во село Горно Агларци се започнува со изградба на ракометно игралиште и детски забавен парк со осветлување. Општина Новаци се грижи за своето население и се залага за подобрување на нивниот живот , токму затоа ќе го изградиме ова повеќенаменското игралиште за фудбал, кошарка и ракомет како и детскиот парк со лизгалки и нишалки за најмладите.Ова е голема придобивка како за младата популација која живее во ова село но и за целото месно население“ вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

За изградба на ракометното игралиште се планира да се потрошат 1,5 мил.денари   општински средства, а ќе се одвојат дополнителни  300 000 денари за осветлување и  изградба на детскиот забавен парк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php