«

»

Aug 07

Во тек е акција за чистење на каналите на територијата на о.Новаци

Како и секоја така и оваа година Општина Новаци започна акција за чистење на каналите кои се простираат на нејзина територија. Еден од најважните канали на чие чистење и одржување општината посветува најголемо внимание е 10-тиот канал, вели градоначалникот Лазар Котевски.

„Акцијата се спроведува секоја година  и во нејзини рамки се врши чистење на дното на каналот од вегетацијата која никнува иако истото е бетонирано а оваа појава се случува заради отпадните води од РЕК Битола. Висината на средствата кои се потрошени за оваа акција за чистење и уредување на каналот изнесуваат 1 800 000 денари, средства на општината од Фондот за фосилни горива“ вели градоначалникот Котевски .

Покрај 10 тиот канал, паралелно се чистат и уредуваат каналите кои минуваат низ другите населени места во Општина Новаци.

„Исто така се спроведува чистење и уредување на другите канали во Општина Новаци, односно во селата:Рибарци, Новаци, Добромири, Горно и Долно Агларци. За оваа кација општината ќе потроши дополнителни средства  од Фондот за фосилни горива“ вели Котевски.

Општина Новаци во рамките на оваа акција ќе спроведе чистење и уредување на каналот кој врви низ селото Гермијан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php