«

»

Aug 03

КУД “Новаци” домаќин на играорци од Хрватска

КУД„ Новаци “се покажа како вистински домаќин и ги угости двете културно уметнички друштва од Хрватска кои ја посетија Македонија, учествуваа на „Илинденски денови“ во Битола , го посетија меморијалниот центар и гробот на Тоше Проески а беа дел од манифестацијата „Етно Град“ во Крушево каде имаа свои настапи.

„Имаше околу 50 – тина дечиња  од две културно уметнички друштва „Танчец“ и „Аугуст Цесарец“ од Хрватска , кои зедоа учество на Илинденски денови и Етно град. Играорците беа сместени кај свои врсници во Новаци и Логоварди , а за сите нив општината им подготви пригодни пакетчиња со промотивни материјали за Општина Новаци. Големо задоволство ми претставува ова заедничко дружење и нашата општина секогаш во своите можности ќе дава придонес за развој и одржување на меѓусебните пријателства и соработка, “ вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Децата кои членуваат во КУД „ Новаци“ им беа гости на своите хрватски колеги на почетокот на месец јули.

     

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php