«

»

Jul 30

Дечињата од “Бамби” ја посетија Библиотеката и ЗОО Градината во Битола

Шест дечина од големата група од игротеката „Бамби“ во с. Новаци благодарение на градоначалникот Лазар Котевски , ја посетија битолската библиотека и зоолошката градина. Во библиотеката присуствуваа на работилница во чии рамки се запознаа со библиотечното работење, ја развиваа љубовта кон книгата и стекнуваа навики за читање, вели учителката Николина Лозановска.

„Ова е редовна практика , дечињата кои од септември треба да започнат да одат во прво одделение да ги носиме во библиотека и на тој начин да им ја развиваме љубовта кон книгата, да ги запознаеме дека доколку постои желба за читање книгите немора да се купуваат туку можат да се изнајмат , денеска ќе ги запознаеме и со начинот на работење во библиотеката, ќе се запознаат со различните жанрови на книги и слично“ вели Николина Лозановска, учителка во игротеката „Бамби“ во с. Новаци.

Оваа посета немаше да се оствари доколку , градоначалникот Котевски не им обезбедеше бесплатен превоз на најмалите жители на неговата општина.

„Секогаш им стоиме на располагање на жителите на нашата општина, а овој пат ми беше огромноз адоволство што имав можност да направам нешто повеќе за нашите најмали жители. Игротеката Бамби е една од ретките игротеки кои ги отвори УНИЦЕФ а која сега успешно опстојува со наша помош.Подршката за единствениот центар за ран едукативен развој во општина Новаци од наша страна ќе продолжи и понатаму, во тек е реновирање на просториите и дренажа на надворешните ѕидови на игротеката, како и набавка на играчки, дел од средствата се обезбедени од општината а поголемиот дел е грант од УСАИД.“ вели градоначалникот Котевски.

По посетата на библиотеката, дечињата ја посетија битолската зоолошка градина каде имаа час во природа.

                      

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php