«

»

Jul 19

Региони од Македонија и Грција во заеднички проект “FIRESHIELD”

Започна реализацијата на проектот „ План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар „FIRESHIELD“ а на првиот работен состанок присуствуваа сите инволвирани субјекти и тоа: Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Регионалната развојна агенција на Лерин-АНФЛО, Општините Битола и Прилеп и Регионот Западна Македонија.

Градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески е убеден дека после имплементирањето на овој проект во голема мера ќе се подобри соработката на противпожарните единици помеѓу општина Битола и Лерин а што ќе резултира со поголема заштита од пожари и нивно навремено превенирање.

„ Ова е еден од позначајните проекти кои Пелагонискиот регион ќе ги реализира во текот на оваа година со оглед на тоа дека во изминатите години општина Битола беше зафатена од голем број пожари и справувањето во истите беше надминато со над човечки напори“ рече м-р Владимир Талески , градоначалник на Општина Битола.

На оваа прва средба присуствуваше и градоначалникот на општина Лерин , Јоанис Васкопулос кој истакна дека  и неговата општина во изминатите години се соочувала со истите проблеми како и Битола.

„ И ние се соочувавме со истите проблеми во текот на годините наназад и се надеваме дека со имплементирањето на овој проект во голема мера ќе бидат зајакнати капцитетите како на институционално така и на техничко ниво“ рече градоначалникот на општина Лерин , Јоанис Васкопулос.

Проектот „FIRESHIELD“ е финансиран и подржан од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Пред две недели битолската територијална противпожарна единица во соработка со општините Битола и Новаци направија тридневен камп за едукација на пожарникари доброволци во Скочивир, кои би зеле учество во акциите за превенција и гаснење на пожари. Оваа е дел од планираните активности на општините за зголемување на противпожарниот кадровски потенцијал во летниот период кога за жал имаат полни раце работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php