«

»

Jul 19

Општина Новаци интересна за УСАИД

Општина Новаци е интересна за  УСАИД како една од можните општини каде ќе се спроведува пилот проектот за намалување на зависноста од увоз на суровини и репроматеријали за проиводниот процес на на големите компании а воедно поттикнување на локалните земјоделци за нивно производство со што би се обезбедило сигурен пласман на нивните производи.

„Според нашите сознанија и истражувања на пазарот увидовме дека голем дел од вашите компании се зависни од увоз на суровини и репроматеријали кои се користат во производниот процес  а истите можат да ги произведуваат локалните земјоделци. На тој начин би се намалиле трошоците за проиводство на производите и тие би имале пониска цена од една страна , а од друга страна тоа би значело сигурен пласман на проиводите на локалните земјоделци. Значи со реализацијата на овој проект би имале двоен бенефит “ вели Карл Ларкинс- директор на проектот за развој на мали и средни претпријатија .

На денешната средба со делегацијата од УСАИД, градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски ги посочи капацитетите и ресурсите со кои располага оваа област.

„Многу ме радува фактот што општина Новаци се покажа интересна за реализација, спроведување и имлементирање на разни проекти од различни сфери,еден од нив е и овој кој го фаворизира развојот на малите и средни претпријатија. Нашата општина е рурална општина каде поголемиот дел од населението се занимава со земјоделство , па доколку овој проект даде очекувани резултати ќе имаме големи придобивки,  дотолку повеќе што знаеме дека на секој земјоделец најголем проблем му претставува пласманот на неговото производство“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Проектот ќе им помогне на малите и средни претпријатија (МСП) како генератори на економскиот раст и развој,ќе го помогне растот и развојот на постојните претпријатија, како и на невработените и потенцијалните претприемачи да најдат вработување и да ги реализираат своите идеи преку отворање на свои бизниси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php