«

»

Jul 18

Џип турнеја низ Мариово 2012

Викендов Мариово повторно беше домаќин на Викенд Џип Турнејата 2012. Станува збор за туристичко возење по шумски патеки со теренски возила –џипови на кои учесниците наидуваат на природни препреки: кал, големи успони, трева, камења вода и сл.

Џипијадата ја организираат две здруженија од селата Зовиќ и Будимирци, а активно учество земаат нивните членови како и сите љубители на недопрените убавини на мариовскиот крај кој се протега на територија на три општини. Ние секоја година ја подржуваме оваа манифестација се со цел поголема промоција на овој предел, рече градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски .

„ Голема чест ми претставува одржувањето на џип турнејата на наша територија. Ова е трета година како се одржува оваа џип турнеја која станува традиционална. На организаторите сакам да им порачам дека ќе ја имаат поддршката од Општина Новаци колку е во наша можност се разбира бидејќи сакаме и понатаму да се одржува оваа манифестација кој ги промовира убавините на мариовскиот крај кој за жал е ретко населен“, вели градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски.

Џип турнејата траеше два дена 14 и 15 јули,при што една вечер се логоруваше во планинскиот дел од Мариово каде традиционално се раскажуваат познатите приказни од овој крај.Основна цел на настанот е дружењето помеѓу присутните, продлабочување на соработката со други авто мото клубови од земјата и клубовите од Република Србија и Република Бугарија, развој на алтернативниот туризам и алтернативните спортови а воедно и разбудување на свеста кај граѓаните за убавините и културно – историските споменици на овој заборавен и напуштен крај.За прв пат џип турнејата се одржа во 2010 година а полека но сигурно преминува во традиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php