«

»

Jul 06

Започна проектот ТЕЛЕТЕРМ за централно греење во општините Битола и Новаци

Општините Битола и Новаци ќе ги користат искуствата на регионот Аминтео од Грција за инсталирање централно греење во овој дел на Пелагонија.

На денешната промоција во Битола беше соопштено дека „Телетерм“ е проект за рационална употреба и заштеда на енергија и истиот ќе придонесе за редуцирање на штетните гасови во регионот, односно ќе има позитивен ефект во локалната економија.– Овој проект е поддржан од ЕУ и е во почетна фаза. Во договорите и изработката на проектите вклучен е АД ЕЛЕМ, како и други субјекти кои ќе овозможат изградба на систем за воведување централно греење во Битола, Новаци и Могила. Перспективно, освен толификација очекуваме системот за пренос на топлинска енергија да се користи и за развој на оранжериското производство и други стопански гранки на кои им е неопходна ваква енергија, посочи градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Од општина Битола очекуваат искористување на дел од инсталациите во градот, навремена изградба на примарната и секундарната мрежа и со ставање на проектот во функција големи заштеди во електрична енергија, дрва и други горива што се користат за затоплување.

Идејата за топлифицирање на регионот со топлинска енергија од термоцентралата РЕК Битола датира уште со самата изградба на термоцентралата, а со реализација на проектот „Телетерм“ ќе се создадат услови за побрза изградба на системот за искористување на топлинската енергија од термоцентралата РЕК Битола.

„ Исто така со реализацијата на овој проект покрај намалувањето на загадувањето и заштедата на енергија ќе се овозможи топлата вода за изградба на оранжерии за производство на ран зеленчук во пелагонискиот регион“ рече градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски.

Преносот на знаење за централно греење во општините Битола и Новаци ќе го врши „Детепа“, општинска компанија за централно греење на поширокиот регион на Аминтео, Филотас и Левија, а која во Грција функционира од 2004 година, беше потврдено на денешниот промотивен настан во Битола.

              

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php