«

»

Jul 03

200 деца од о.Новаци дишеа чист воздух на Пелистер

Во рамките на проектот „ Дајте ни воздух и здрава животна средина“ ЕЛЕМ и оваа година им овозможи превентивен одмор на децата од ОУ „ Славко Лумбарковски“ и подрачните училишта од општина Новаци, во хотелот  „ Молика“ на Пелистер.

„ЕЛЕМ секогаш им стои на располагање на локалните власти и на заедницата  за заедничко спроведување на проекти од јавен интерес. Овој проект за заштита на здравјето на децата се темели на градење меѓусебна доверба меѓу населението од Општина Новаци, АД ЕЛЕМ и локалната самоуправа во Општината. Преку ваквите проекти се промовира заштитата на животната средина од загадување на воздухот и последиците од штетните влијанија, при што се овозможува поквалитетно живеење на населението во непосредна близина на РЕК Битола “ вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Покрај можноста за уживање во чистиот воздух во националниот парк Пелистер , проектот што АД ЕЛЕМ го спроведува со своите партнери има и едукативен карактер односно се спроведува како настава во природа.Целта е учениците под надзор на стручни лица изворно да стекнат знаења , претстави и поими, дополнување, потврдување и систематизација на нивното знаење преку набљудување и истражување, зајакнување  на нивното здравје, развивање на позитивен однос кон природните убавини, развивање на еколошката свест, имплементација на одредени знаења од целокупниот воспитно образовен процес.

Следни кои што жќе уживаат во убавините на националниот парк се играчите на Фудбалскиот клуб Новаци кои од оваа сезона ќе се натрепваруваат во втора лига.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php