«

»

Jul 02

Против пожарите со Камп за доброволци пожарникари

Битолската територијална противпожарна единица во соработка со општините Битола и Новаци направија тридневен камп за едукација на пожарникари доброволци во Скочивир, кои би зеле учество во акциите за превенција и гаснење на пожари. Оваа е дел од планираните активности на општините за зголемување на противпожарниот кадровски потенцијал во летниот период кога за жал имаат полни раце работа.

„Знаете дека во летниот период, пожарите може да дојдат до степен да се тешки за локализирање, а сите хеликоптери да не се слободни за да помогнат при гаснењето. Припадниците на територијалната противпожарна единица и нивните колеги од неколку градови ја започнаа обуката на 60 граѓани кои го имаат статусот доброволци во активностите што се спроведуваат за превенција од пожари и при  гаснењето на пожарите. Проектот се реализира со финансиска подршка на Општина Битола, која во претходниот период работеше на проширување на капацитетите и зајакнување на знаењето на припадниците на единицата. Со оваа обука ќе имаме 120 нови  доброволци пожарникари и професионални пожарникари.“- вели м-р Владимир Талески – градоначалник на Општина Битола.

И Општина Новаци се соочува со зачестени пожари во текот на летниот период, заради што се вклучи во проектот рече градоначалникот Лазар Котевски.

„Ние како општина имаме ангажирано локално население, поточно 8 лица волонтери на кои им е предадена одговорноста да го набљудуваат теренот, да следат и навремено да информираат за евентуална појава на пожар на отворено, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.“

Ваквиот пристап на решавање на проблемите е манифестација на општествена одговорност и чекор поблиску до решавањето на постоечкиот проблем со отсуството на школа за пожарникари. Костадин Поповски, командирот на ТТПЕ Битола се надева дека до година бројката од 120 волонтери ќе се зголеми до 300 и дека Битола ќе прерасне во главен Центар за обука на пожарникари.

„Пожарникарите доброволци кои тука ќе се обучуваат ќе добијат сертификати кои ќе гласат сезонски пожарникари, и ќе се стекнат со знаење за новите методи кои ќе ги презентира противпожарното здружение „Пегаз“ – рече Костадин Поповски командир на ТТПЕ Битола.

Обуката траеше три дена и опфаќаше програма од 90 наставни часови по француски терк а се одржа во с.Скочивир. Истата потоа ќе продолжи со 60 нови часови во Битола. Од 12 до 14 јули обуката ќе ја следат граѓани од пет општини :Битола, Новаци, Прилеп, Пробиштип и Скопје. Доброволците се стекнаа со превентивни одновни познавања за гаснење на пожар на отворено.

  

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php