«

»

Jun 26

Унијата на жени од општина Новаци во посета на Скопје

Со посетата на спомениците од проектот „Скопје 2014“, музејот на македонската борба за државност и независност и кањоњот на Матка заврши прошетка која Градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски двапати годишно им ја овозможува на жените од Унијата на жени од трите села: Гермијан, Живојно и Бач.

„Воодушевени сме од тоа што го видовме, посебно од музејот за кој не ни сонувавме дека е направен вака, и кој можи да се мери со познатите светски музеи. Ние жените од Унијата му сме многу благодарни на Градоначалникот Котевски кој секогаш се грижи за нас и ни овозможува да прошетаме и да побегнеме од нашето секојдневие. Благодарение на неговото залагање ние ги имаме посетено скоро сите природни убавини и манастири во нашата држава“ рече Наташа Петковска од село Живојно.

„Благодарение на градоначалникот Лазар Котевски два пати годишно одиме на прошетки низ Македонија на места кои сами си ги избираме. Ова е практика веќе 7 години“ вели Наташа Стојановска од село Гермијан.

Ова го правиме веќе неколку години како редовна практика и ќе го правиме и понатаму, само жените од нашите села да се задоволни, вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

„Редовно организираме тури и прошетки низ Македонија за сите жени од селата кои се под надлежност на Општина Новаци на места каде тие сами си ги избираат по желба во зависност од тоа која природна убавина на нашата држава сакаат да ја посетат. Ова е една мала работа која општината им ја дава а верувам дека нив многу им значи“- вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Покрај ваквите туристички тури кои ги организираме за нашите жени, ние редовно барем два пати годишно им организираме забави како на пример за празникот на општината 8 март, вели Мирјана Кузмановска, претседател на Унија на жени на Општина Новаци.

„Македонија располага со многу природни убавини, последните години многу се градеше со што се збогатија и разубавија туристичките места. Жалосно е да не си ја познаваме сопствената држава. Затоа во Унијата на жени на Општина Новаци постои редовна практика да ги посетуваме и запознаваме убавините со кои располага нашата држава за да можеме и ние да ја промовираме истата. Нормално овие тури и прошетки чинат определени финансиски средства кои целосно ги обезбедува и покрива градоначалникот Котевски за што им сме премногу благодарни“,  рече Мирјана Кузмановска, претседател на Унија на жени на Општина Новаци.

Од општина Новаци велат дека на наредната туристичка прошетка ќе одат жените од останатите села на Општина Новаци.

    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php