«

»

Jun 22

Претседателот на РМ, Ѓорге Иванов во посета на општина Новаци

На огромна чест и задоволство, градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски му беше домаќин на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.Претседателот Иванов со погача и шеќер според македонската традиција, беше дочекан пред општината во присуство на општинската администрација, советниците и голема топла народ кои сакаа да се поздрават и да го видат шефот на државата.

За време на неговиот еднодневен престој на Општина Новаци, градоначалникот Лазар Котевски го запозна претседателот Иванов со сите можности и ресурси кои ги нуди општината за подобар економски развој ,го запозна со остварените и планираните проекти за реализација,  ја посети надградбата на општинската зграда а оствари средба со стопанствениците кои гравитираат и работата на територија на општина Новаци .

„Ние сме општина која не бевме добро развиена ама сега имаме услови и поддршка да се развиваме многу побрзо и многу подобро. Го запознав претседателот на државата со сите проекти кои ги имаме реализирано како и кои планираме да ги реализираме во иднина .Го информиравме претстедателот за сите досегашни и идни зафати за проектите кои ги реализираме и ќе ги реализираме во иднина , побаравме поддршка во однос на странските инвестиции преговорите каде вети дека ќе не поддржи се со цел подобрување на условите за живот на жителите од општина Новаци.”- рече Лазар Котевски , градоначалник на општина Новаци.

„Според она што досега го видовме и од она што го разговаравме видов дека има ентузијазам и идеите кои ги слушнав од стопанствениците јас се надевам дека ќе им излеземе во пресрет на нивните барања во смисла на странски иневстиции во смисла на странски инвестиции во преговорите и договорите“ рече претседателот на Рм, Ѓорге Иванов.

Засилување во своите редови  подарувајќи му дрес со презимето на Иванов доби и ФК Новаци кои од следната фудбалска сезона ќе се натпреваруваат во втората лига.Претседателот се сретна и со познатите македонски репрезентативци Мицевски и Ставревски чии почетоци датираат од новачките терени.

Топло добредојде на претседателот Ѓорге Иванов со букет цвеќиња и рачно изработена честитка му посакаа и дечињата од Игротеката  „Бамби“ . Се сликаа со него и го почестија со една од многуте песни кои ги имаат во својот репертоар.

Дека од земјоделие може убаво да се живее само ако си вреден и работлив човек докажа локалниот земјоделец Николче Велјановски.

„ Иако се наоѓаме во време на рецесија и светска економска криза , сепак примерот на индивидуалниот земјоделец Николче Велјановски од Новаци, кој е рекордер по производство на житни култури во Пелагонија, покажува дека и од земјоделство може убаво да се живее на овие простори.“ рече претседателот Иванов.

Шефот на државата го посети најголемиот производител на електрична енергија РЕК Битола каде се информираше за текот на производниот процес, модернизацијата и автоматизацијата на термоцентралата и рудникот.Освен енергетскиот гигант РЕК во рамките на Новаци веќе неколку години работат капацитети за производство на храна, отворена е фотоволтаична централа а градоначалникот Котевски најави и серија нови инвестиции кои ќе го подобрат животот во Пелагонија.

„ Веќе имаме мноштво заинтересирани странски инвеститори за отворање на нови фотоволтачни електрани како и инвеститори од Италија кои на наша територија сакаат да направат плантажи на лешници, а потоа да отворат и фабрика за преработка на лешници и бадеми“ рече градоначалниот Котевски.

„ Тука има можност за искористување на сите потенцијали што ги има Пелагонија во експлатација на гасот ЦО2 , отварање на нови ископи. Новаци е општина со најмногу сончеви денови во Република Македонија.Овој крај е богат со премногу природни убавини кои овозможуваат огромни можности за развој на етно-туризмот .Европските граѓани веќе се алергични на сфаќањето на туризмот исклучиво како капење и сончање.Тие сакаат туризам преку кој ќе се запознаат со традициите и со убавините од овие простори“ рече претседателот на РМ Ѓорге Иванов.

Во уникатниот и единствен манастир Мала Богоридица во село Новаци претседателот Иванов го дочека преспанско пелагонискиот митрополит г.Петар.

„ Го видовме и црковниот живот кој е добро организиран за овие луѓе и сметам дека општина Новаци е една од општините која добро се равива во секој поглед и ние сме тука да ја помогнеме и поддржиме.”- рече Ѓорѓе Иванов претстедател на РМ.

Претседателот Иванов надвор од официјалната агенда го посети манастирот во Паралово, историското место Чукарите каде загинал народниот херој Ѓорги Сугарев и положи цвеќе на неговиот гроб.Градоначалникот Котевски на претседателот Иванов покрај монографија и разни репрезентативни материјали од општината му подари и икона од Свети Ѓорги.

       

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php