«

»

Jun 22

Започна дезинсекција на општина Новаци

По препорака на Министерството за здравство и Општина Новаци започна со дезинсекција на својата територија. Активноста ја извршува Центарот за јавно здравје согласно акциониот план за уништување на инсектите кои треба да направат заштитен облак во регионот.

„Оваа мерка ќе биде доста корисна за Општина Новаци затоа што на нашата територија имаме многу одводни и доводни канали, а со запрашувањето и третирањето со специјални средства ќе се намали бројот на инсекти“- рече Лазар Котевски, градоначалник на Општина Новаци.

Дезинсекцијата е од особено големо значање за здравјето на населението, а од аспект на центрите за јавно здравје и државите-превенција на тешки заболувања за кои е потребно долготрајно лекување, вели д-р Тони Коњановски, стручен директор на Центарот за јавно здравје Битола.

„Во рамките на дезинсекцијата ќе се уништуваат потенцијалните вектори, пренесувачи на предизвикувачите на тешките болести.Со средства се третираат сите зелени предели и мочурливи места кои влијаат на ларвите на инсектите.“ вели д-р Тони Коњановски, стручен директор на Центарот за јавно здравје Битола.

Дезинсекцијата покрај на територија на општините Битола, Новаци и Могила ќе продолжи и во Ресен и Кичево со што ќе се покрие целиот југозападен дел од Македонија.По завршувањето на оваа прва фаза ќе следува втора која според планот се очекува да започне од 9 и да трае до 16 јули.Третата фаза ќе се реализира од 6 до 8 август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php