«

»

Jun 19

50-тина сезонски работници “За поубава и почиста Општина Новаци”

Општина Новаци започна да го реализира владиниот проект за сезонско вработување.Во првата фаза започнаа да работат околу 42 сезонци а до 15 август ќе започнат со работа уште 30 тина.

„Планираме да имаме вкупно околу 75 времени вработувања а ќе бидат ангажирани до крајот на годината за паричен надомест нето плата од 7000 денари , персонален данок и осигурување. Право на вработување имаат сите невработени лица а предност имаат повозрасните и оние кои подолго време се без работа.Ќе бидат ангажирани за одржување на хигиената на улиците и одржување на зеленилото.“ вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Со нескриено задоволство и огромна благодарност до градоналаникот Котевски, работниците беа пресреќни што во овие тешки времиња на беспарица, има кој да се грижи за нив и да им обезбеди работа.

„Задоволни сме од градоначалникот подржува се што ќе му побараме.Ова ни претставува еден вид помош како невработени и еден вид почеток за наше трајно вработување“ рече Велјановска Летка сезонски работник

„ Нашето ангажирање како сезонски работници е за поздравување , едно мало ублажување на тешкотиите кои ги имаме како невработени.Воедно сакам да ја изразам мојата благодарност до градоначалникот од името на сите невработени кои не ангажира  “рече Наташа Штрковска- сезонски работник.

Парите за сезонските работници ќе ги обезбедат општините и Владата.Само Министерството за финансии ќе издвои 1,5 милиони евра за 2000 работници.Дополнително на овој проект општините и јавните претпријатија секоја година ангажираат сезонски работници за одржување на јавната чистота.

Само министерството за финансии ќе одвои 1,5 милиони евра за 2000 работници.

– Ова е добра иницијатива за ангажирање сезонски работници кои ќе работат на одржување на хигиената на улиците и на зеленилото што ќе придонесе кон поголема хигиена, подобар изглед на јавните површини, заштита на животната средина и подобри услови за граѓаните, изјави Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.

Дополнително на овој проект општините и јавните претпријатие секоја година ангажираат сезонски работници за оддржување на јавната чистота.

  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php