«

»

Jun 19

Ќе се оспособува училиште во с.Рапеш

По дваесеттина години, мариовското село Рапеш благодарение на ангажманот на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски , ќе добие основно училиште до четврто одделение.Тоа ќе биде голема придобивка за околу десеттина деца кои за прв пат ќе го започнат образовниот процес.

„ Ова е една од мерките за заживување на мариовскиот дел на кој му се закануваше целосно иселување заради се поголемиот број жители кои се иселуваа во градот“ – вели градоначалникот Котевски.

Училиштето ќе биде сместено во веќе постоечки објект кој ќе се реновира и оспособи за таа цел.

„За реализирање на оваа идеја предвидени се околу 5000 евра во денарска притввредност , средства кои ќе ги обезбеди Општина Новаци.Планираме да оспособиме една училница , еден наставнички кабинет, ходник , санитарен чвор како и уредување на дворот“- вели градоначалникот Котевски.

Децата од ова село досега учеа во ОУ „Славко Лумбарковски“ во с. Новаци.

     

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php