«

»

Jun 18

Чистење на времената депонија во Добромири

Општина Новаци, градоначалникот Лазар Котевски и ЗЈКП „Пела Хигиена“ започна акција за чистење на времените депонии на територијата на општината. Денеска се чистеше оградената времена депонија кај селото Добромири.

„ Денеска ја започнуваме акцијата за чистење на времените депонии кои Општина Новаци ги огради со намена локалното население да го одлага комуналниот смет и градежниот шут. Вакви депонии имаме 7 на територијата на нашата Општина и истите целосно ќе бидат исчистени до крајот на овој месец“- рече градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Акцијата за чистење на депонијата беше поздравена од мештаните кои го изразија своето огромно задоволство од големиот ангажман на градоначалникот Котевски за подобрување на условите за живот на жителите на општина Новаци.

„ Ваквите акции се во ред. Многу му сме благодарни и сме задоволни од градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски. Изградени се сите локални патишта, исчистени сите речни канали. Се што сме побарале досега од градоначалникот сме добиле. Многу ни помага .“- рече Талевски Борис, жител на село Добромири.

До крајот на месецот ќе бидат исчистени времените депонии во Новаци, Бач, Гермијан и Старавина. Ваква акција Општина Новаци прави секоја година.

    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php