«

»

Jun 18

Нулта толеранција за дивите депонии во општина Новаци

Акцијата за нулта толеранција на дивите депонии продолжува во Општина Новаци. Општината предводена од градоначалникот Лазар Котевски и заедничкото јавно комунално претпријатие „Пела Хигиена“ работеа на чистење на комуналниот смет и градежниот шут кој мештаните го одлагаат на времената депонија во близина на село Новаци кај бараките на Градежното претпријатие „ Маврово“.

„Ја продолжуваме акцијата која само што започна а се спроведува секоја година. Тоа ние предвидено и во програмата. До крајот на месецот ќе се исчистат сите вакви времени депонии а сметот кој го собираме со течка механизација ќе биде одложен на регионалната депонија Мегленци.“ – рече градоначалникот Лазар Котевски.

Годинава во акцијата учество зеде и новоформираното заедничко јавно комунално претпријатие „ Пела Хигиена“.

„Сега ги чистиме времените депонии кои ги означи и огради Општината а каде локалното население го одлага комуналниот смет и градежниот шут од нивниот секојдневен живот.Акцијата не застанува тука и во следниот период предвидени се и други активности за подобрување на животот на мештаните и заштита на животната средина од загадување“ – рече Горан Велјановски, технички директор на ЗЈКП „ Пела Хигиена“.

Во текот на летниот период Општина Новаци во соработка со ЗЈКП „ Пела Хигиена“  ќе реализира и други акции за чистење на сите отворени атмосферски канали, чистење и метење на улиците и косење на вегетацијата на регионалниот патен правец 1311.

    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php