«

»

Jun 18

Министерот Коњановски меѓу Пелагониските земјоделци

Актуелните состојби со земјоделството во пелагониските општини, законските измени и новите мерки, беше причината заради која заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски, ја посети подрачната единица на министерството во Битола.

Се сретна со пелагониските земјоделци и ги информираше за сите измени и мерки на Владата согласно измените на законот за земјоделско земјиште чија цел е да се добие имотен лист кој ќе ги направи попристапни парите од европските фондови. Разговараа и за легализација на земјоделската механизација која ја бараат земјоделците.

„ Во соработка со Министерството за економија и МВР се изготвуваат законски измени или нов закон за легализација на земјоделската механизација, да можат да се регистрираат. Има повеќе причини заради кои не биле во можност да се регистрират “ рече Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство.

На средбата се разговарало и за откупната цена на пченицата која според барањата на земјоделците не треба да биде пониска од 15 денари по килограм.Земјоделците добија ветување од министерот Коњановски,дека Министерството ќе посредува со цел да се најде заедничко решени кое ќе биде во интерес и на производителите и на мелничарите.

„ Ние се надевае дека мелничарите ќе бидат послободни околу давањето на она што го бараме првпат откако се произведува оваа култура имаме две временски неприлики. Есента не никна а пролетта доцна стигнаа дождовите“-изјави Вељо Тантаров, Сојуз на земјоделци.

„ За земјоделците прифатлива цена е барем 10-20% повисока од минатата година, да ги амортизираат трошоците со поскапувањето на нафтата “ рече Коњановски.

Градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски ја поздрави оваа акција на министерството за земјоделство и на заменик министерот Коњановски.

Со цел оваа година да не се појави незадоволство кај земјоделците, најавени се неколку средби меѓу мелничарите и земјоделците а посредник ќе биде министерството за земјоделство.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php