«

»

Jun 15

Заинтересирани инсвеститори да стопанисуваат со ИЗ Новаци

На Јавна анкета во просториите на Општина Новаци, беше презентиран ЛУПД вон населено место за Индустриската зона Новаци. Беше разговарано за урбанизирање на просторот предвиден за изградба на фабрики со лесна незагадувачка индустрија, додека во иднина ќе се формира зона за домување и зона за спорт и рекреација. Проектот ќе се реализира во неколку фази.

„ Ова е прва фаза бидејќи во иднина ќе има можност за проширување ако има потреба а според првичните сознанија тоа ќе биде потребно бидејќи има заинтересирани инвеститори од Австралија, и Турција. ИЗ ќе опфаќа површина од 9,3 хектари а се наоѓа на влезот во село Новаци, манастирот Богородица и регионалниот пат Р-1311“ рече Томе Ристевски – надлежен инженер архитект од Урбан проект.

Во понатамошниот период ќе се конкретизира бројот на парцели како и почетната цена за продажба на земјиштето.

„Планираме парцелите да опфаќаат површина од 68 000 м2, односно 47 500 м2  површини за градба а процентот на изграденост ќе изнесува 52 %. Законски е предвидено  72%  но тоа е многу бидејќи ќе има мал процент на простор за манипулација и движење на тешки товарни возила. Коефициентот на искористеност ќе изнесува 0,51 што значи дека половина од предвиденото земјиште ќе се користи за градба. Понатаму ќе се конкретизираат бројот на парцели и бројот на инвеститори на површина од 2000 метри квадратни.Таа површина за почеток е доволна за развој на фирми и производни капацитети“ рече Томе Ристевски- надлежен инженер архитект од Урбан проект.

Планот започна да се разработува уште во 2010 година. Зоната ќе се уреди до ниво на парцели, каде ќе има сообраќајници, тротоари, секаков вид на инфраструктура а заинтересираните инвеститори само ќе купат земјиште и ќе започнат да градат, посочи Ристевски.

„Сите согласности се добиени. Ќе има секаков вид на инфраструктура: водовод, електрика и телефон. Нема да има никаков прблем, зоната ќе има доволно вода, отпадните води т.е канализацијата ќе се приклучи кон јужниот дел од патот во една шахта а од таму ќе оди до предвидената пречистителна станица. Овде нема да има загадувачки големи производители. Тие што ќе бидат ќе имаат обврска водите сами делумно да ги прочистуваат пред да ги испуштат во канализациониот систем. Ако имаат големи количини отпадна вода тогаш ќе треба самите да направат пречистителни капацитети. “рече Томе Ристевски- надлежен инженер архитект од Урбан проект.

Предвидена е реализација на втора и трета фаза кога се очекува во зоната да оперираат околу 80-90 субјекти.

„ Во иднина планираме да изградиме сообраќајница на две нивоа, бидејќи очекуваме бројот на корисници да се зголеми за 3 пати. “рече Томе Ристевски- надлежен инженер архитект од Урбан проект.

Претставникот од „Урбан проект“  најави дека има заинтересирани стопанственици од Австралија кои сакаат да менаџираат со зоната преку моделот на јавно приватно партнерство.

На јавната презентација беа поканети и сопствениците на дел од парцелите каде е предвидено да се гради Индустриската Зона.Станува збор за површина од околу 2 хектари а имотно правните односи ќе се решаваат со меѓусебен договор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php