«

»

Jun 11

Македонско – Турско збратимување помеѓу општините Новаци и Јеникент

Општина Новаци наскоро ќе се збратими со сродната турска општина Јеникент од Измир. Активноста ја договорија македонскиот амбасадор во Република Турција , Горан Тасковски и градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски . На средбата станало збор и за реализација на други проекти меѓу кои и организирање на бизнис форум со цел привлекување инвеститори во Општина Новаци.

„Покрај сите други наши ангажмани со градоначалникот на Општина Новаци , ние исто така се договоривме да најдиме сродна општина , таа фаза е во тек а моите последни информации говорат дека при крај е таа иницијатива , општина Новаци ќе се збратими со една општина од Измир, Општина Јеникент. Таа е доста слична како Општина Новаци и наскоро по иницијатива на амбасадата ние ќе го поканиме градоначалникот Котевски да дојде да ја посети таа општина, да го посети Измир и егејскиот дел на Турција каде што во договор сме со тамношните институции да направиме еден бизнис форум со турски бизнисмени каде подетално ќе ги разгледаме можностите за инвестирање во Општина Новаци. Општина Новаци на тие состаноци ќе има можности да ги презентира сите поволности и можности кои ги нуди како општина , проекти и се она што е во функција на зближување на Република Македонија и Република Турција“рече Горан Тасковски, амбасадор на Република Макеоднија во Република Турција.

Ние инсистиравме  и побаравме од амбасадорот , да се збратимиме со сродна општина од Турција која расплага со слични ресурси како нашите , со која покрај културната размена ќе можеме да соработуваме и на економски план , рече градоналаникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

„Најпрво да му се заблагодарам на амбасадорот Тасковски што најде време да ја посети нашата Општина. Амбасадорот е доста активен на ова поле и ние разговаравме за нашите можности кои би им ги понудиле на турските бизнисмени кои би можеле да инвестираат во нашата општина. Ние иако сме рурална општина располагаме со доста ресурси кои би биле корисни за да можат турските бизнисмени да инвестираат. Исто така разговаравме да извршиме една посета на Р.Турција посебно во градот Измир каде нашиот амбасадор има разговарано а веќе е и припремен теренот за посета каде што ќе се запознаеме со нивните општини, ќе размениме искуства и дел од нив ќе примениме и кај нас бидејќи тие се многу постари општини од нашите и сигурно располагаат со големи искуства кои можат да ни ги пренесат нас “ рече градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

За македонската амбасада во Турција  најголем приоритет е развојот на економската дипломатија, рече Тасковски.

„ Ние како амбасада сме многу фокусирани на продлабочување на соработката меѓу Макеоднија и Турција, посебно сме фокусирани на развивање на економската дипломатија.Во овој момент има доста заинтересирани турски бизнисмени, инвеститори, компании, фирми и бизнисмени во Република Македониаја. Токму вчерашниот ден го искористивме за пуштање во употреба на една таква инвестиција во Скопје .Во наредниот период ќе има уште повеќе, но сакам да кажам дека предвидуваме такви слични инвестиции и во Општина Новаци а и во Општина Битола и во сите околни општини.Тоа е наш приоритет .“ рече Горан Тасковски, амбасадор на Република Макеоднија во Република Турција.

Пред извесно време во рамките на реализацијата на проектот „Доближување на Егејска Турција до Македонија “ делегација од македонски новинари и разни пишани и електронски медиуми , на покана на амбасадорот Тасковски, ја посетија Турција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php