«

»

May 15

На повидок голема Австралиска инвестиција во Новаци

Менол Најдовски, родум од село Груништа- Мариовско, кој од својата 13 та година живее во Мелбурн Австралија, заинтересиран е да гради фабрика за производство на картонска амбалажа во Општина Новаци. Тој е еден од ретките големи и успешни бизнисмени , кој поседува фабрика која се простира на 16 000 метри квадратни , целосно компјутеризирана со 60 вработени лица .

„ Во Австралија изградив огромна фабрика која постојано ја развивам и проширувам. Сега планирам биснисот да го проширам на дополнитени 60 000 метри квадратни каде ќе инсталирам најсовремени машини и технологија со што ќе овозможам зголемување на проиводството до 100 тона на ден“ – вели Менол Најдовски.

Најдовски денеска оствари средба со градоначалникот Лазар Котевски при што му ја пренесе неговата желба својот семеен бизнис да го прошири и во родната грутка.

„ Местоположбата на нашата општина е многу поволна затоа што се наоѓаме во погранично подрачје и во непосредна близина на солунското пристаниште. Општина Новаци му понуди на Менол Најдовски парцела од 10 000 метри квадратни во индустриската зона за изградба на фабрика“- рече градоначалникот на Општина Новаци , Лазар Котевски.

Седиштето на фабриката ќе биде во Новаци а планирам да отворам и повеќе откупни центри во поголемите градови ширум Република Македонија, вели Најдовски.

„ Во Фабриката ќе се врши откуп и сортирање на пластика,  стакло, лимена амбалажа и хартија ,а во неа на почеток ќе се вработат околу 20 лица“- вели вели Менол Најдовски.

Оваа нова инвестиција во Општина Новаци првично била договарана минатата година кога градоначалникот Лазар Котевски посети неколку општини во Австралија и оствари средби со неколку бизнисмени. Менол Најдовски од поодамна сакал да инвестира во Македонија но кога и да покренел иницијатива , го кочеле сложените административни процедури. Посебно го радува фактот што Владата на РМ спроведе реформи со што ги отстрани пречките кои го кочеле во остварувањето на неговиот долгогодишен сон .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php