«

»

May 10

Легализацијата на дивоградбите успешно се спроведува во Општина Новаци

За нешто повеќе од година дена од стартувањето на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, во Општина Новаци од вкупно поднесени  968 барања за легализација на дивоградби , 120 веќе се реализирани  а дополнително доставени се и околу 100 тина елаборати по кои веќе се постапува. Стручните екипи веќе се излезени на терен и постапуваат согласно Законот, но при решавањето на дел од предметите наидуваат на проблеми од објективен карактер.

„ Посебен проблем претставуваат нерасчистените имотно правни односи на жителите на Општина Новаци, кои заради тоа неможат да продолжат со постапката за легализација на објектите додека не си ги решат постоечките проблеми“ вели Лазар Котевски ,градоначалник на Општина Новаци .

Од Општина Новаци упатуваат апел до сите жители на Општина Новаци кои имаат поднесено барање со цел да го запазат определениот рок, да ја докомплетираат потребната документација за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти ( легализација на дивоградбите).

Со Законот за легализација ќе може да се легализираат бесправно изградените објекти наменети за индивидуално домување, колективните станбени објекти, надградби и доградби, потоа градбите што се од значење за државата, објекти со намена за производство, дистрибуција и сервиси, електронски комуникациски мрежи и јавни здравствени установи.

За поголемо информирање на граѓаните  со цел поголема успешност во решавањето на барањата, Општина Новаци на почетокот на месец февруари, организираше трибина на која покрај претставниците на Општината учество зеде и пратеничката Катерина Димевска.

„ На оваа трибина пред граѓаните поблиску беа прикажани можностите на кој начин тие можат да ги легализираат своите доградби или надградби. Исто така беше објаснета и процедурата со која потребните документи за легализација се намалени во голем број.Единствено посложена задача е да се добие геодетски елаборат кој жителите можат да го набават од приватните катастари“- вели Лазар Котевски ,градоначалник на Општина Новаци .

Преку оваа трибина, на жителите на Општина Новаци  им се овозможи да се информираат за поволностите на Законот и можностите кои ги нуди Општина Новаци во овој процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php