«

»

May 08

Градоначалникот Котевски го прослави Ѓурѓовден со верниците

По повод големиот христијански празник Ѓурѓовден посветен на светиот великомаченик Георгиј, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски присуствуваше на меѓународниот собир на верници кој се одржа во манастирот  во атарот на историското село  Чебрен во срцето на Мариово. Овој манастир е надалеку познат по своето училиште и богатата библиотека.

Главната манстирска црква е посветена на Св. Дмитрија Солунски која во минатото  била доста богата и грандиозна црква во комплексот. Денес таа е обновена, но во помали димензии, и нејзиниот иконостас датира од 15 век, а бил реновиран во 19 век.

Црквата „Вознесение Христово“ попозната како „Св. Спас“ се наоѓа во близина на комплексот и е со помали димензии. Таа е мала еднокорабна црква ( 6,30 х 4,30 м.) со полукружна апсида на исток и влез во наосот на запад. Градена е од обичен речен камен со врзиво од варов малтер. Внатрешноста е поделена со дрвена олтарна преграда на два дела .Сите четири ѕидови од наосот и олтарниот простор се живописани во фреско техника. Според досегашните сознанија и стручната литература фреските се датирани во 16 век. Нивната сочувана површина изнесува околу 60m².

Денес иако целиот компекс е запуштен, сепак се прават напори за негово повторно заживување и враќање на монашкиот живот.Секоја година за празникот посветен на Свети Ѓоргија, Ѓурѓовден, се собираат повеќе илјади луѓе да празнуваат. Покрај жители од Мариово, кои имаат потекло од мариовските села, доаѓаат и голем број на гости од другите краеви на Македонија. Сепак со изградбата на вештачката акумулација Чебрен, овој комплекс може да се најде и под вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php