«

»

May 08

ЕЛЕМ ќе гради соларна електрана во Општина Новаци

Електрани на Македонија ќе гради соларна електрана во пелагониската општина Новаци во рамките на проектот за искористување на автономни и хибридни варијанти на соларна централа. Вредноста на инвестицијата во соларната електрана во Суводол ќе изнесува 30 милиони евра а вкупниот износ на проектот е 225 милиони евра , од кои 17 милиони евра ЕЛЕМ ќе обезбеди од сопствени извори а останатите 96 милиони евра од заем од Светска Банка. Преостанатиот износ од 112 милиони евра ќе се обезбеди со учество на странски партнер.

За потребите на проектот веќе во тек е изработката на Студија за влијанието врз животната средина која ќе биде завршена до крајот на 2012 година.

Според првичните предвидувања проектот треба да започне да се реализира на почетокот на идната година.

Со цел задоволување на потрошувачите и нивните зголемени потреби од електрична енергија, Електрани на Македонија планира понатамошно развивање на обновливите извори на енергија, вклучително и на соларната енергија.

ЕЛЕМ располага со сите потребни објекти за изградба на соларната електрана во Суводол,како на пример 110/6.3 kV трафостаница на површинскиот коп соодветна за поврзување на 50 MW електрична централа, а располага и со потребните количества на вода потребна за прскање и чистење на рефлектирачките површини .

Со реализацијата на оваа инвестиција ќе се овозможи производството на 104 милиони киловат часови еколошки чиста сорана енергија годишно.

Изградбата на соларната термоелектрана ќе биде алтернативен извор на енергија со која ќе се намали експлатацијата на фосилните горива,и ќе се продолжи векот на траење на РЕК Битола но и ќе се намали загадувањето на животната средина..

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php