«

»

May 08

Далгобевци доби ракометно игралиште и детски забавен парк

 

30 тината деца од селото Далгобевци ќе уживаат во благодетите на ракометното игралиште и детскиот забавен парк кои во саботата беа свечено пуштени во употреба во присуство на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски. Општина Новаци се грижи за своето население и се залага за подобрување на нивниот живот села , токму затоа го изградивме повеќенаменско игралиште за фудбал, кошарка и ракомет како и детскиот парк со лизгалки и нишалки за најмладите, рече Котевски.

  

„ Со заложба на општината и со помош од Владата на РМ се направи ова игралиште за занимација на жителите од руралните средини . Вакви игралишта изградивме и ќе градиме и во други села.”рече  Лазар Котевски,  градоначалник на Општина Новаци.

 

  

За изградбата на повеќенаменското игралиште и детскиот забавен парк беа потрошени 1 милион и 500 000 денари општински пари. Во селото Далгобевци нема училиште но општината планира негова изградба во периодот кој следи.

    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php