«

»

May 07

Министерот за образование и наука, Панче Кралев ја посети општина Новаци

Втор пат овој месец , министерот за образование и наука панче Кралев, ја посети пелагониската општина Новаци и оствари средба со градоначалникот Лазар Котевски. Во рамките на посетата го посети и  Централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ и подрачното училиште во село Агларци. 

Воедно се интересираше за актуелната состојба и начинот на спроведување на образовниот процес како и можноста за помагање на училиштата од страна на општината во соработка со министерството за образование.  Министерот Кралев задоволен од посетата и работата на основното Училиште Славко Лумбарковски. „ Значи подрачни монтажни училишта или модуларни посебно во делови на општината каде расте бројот на ученици што е за нас многу позитивно.”- вели министерот Панче Кралев.

Изборот на локациите за изградба на вакви училишта ќе се врши по проценка на Општина Новаци во зависност од потребата преку реализација на одредени проекти. Постои можност и за отворање на дисперзирани паралелки за средно образование, што ќе биде огромна придобивка за жителите на општината. „ Техничките науки поголем број од учениците кои го завршуваат основното во Новаци продолжуваат средно во општина Битола.”- вели Кралев.

Најавениот ребаланс на буџетот и намалувањето на средствата на министерството за образование нема да влијае на изградбата на неодамна поставениот камен темелник за спортска училишна сала во единственото централно основно училиште „Славко Лумбарковски“, рече министерот Кралев. „ Посебно ребаланост нема да влијае во овој регион бидејќи за тука не се предвидени скратувања.”- рече министерот.

Според градоначалникот  Лазар Котевски , плодна била соработката и помошта што Општина Новаци ја добива од  министерството за образование  за единственото централно и шестте подрачни училишта.

„ Во делот на училиштата општината има доста инвестирано во реновирањето останаа уште неколку кои годинава ќе ги реновираме Планираме да изградиме училиште во Рапеш бидејќи бројот на ученици ни се зголеми.”- вели Лазар Котевски,  градоначалник на Новаци.

Општина Новаци е општина со голема територија но ретко населена, па зголемувањето на наталитетот во последниот период е факт кој доста не радува, вели Котевски.

„ Мислам имаше еден пад во наталитетот кој сега се стабилизира и имаме зголемување на наталитетот.”- вели градоначалникот.

Во периодот кој следи, општината ќе спроведе акнета меѓу учениците со цел да го согледа нивниот интерес за видот на едукативните насоки на  дисперзирани средношколски паралелки кои би требало да се отворат во Општина Новаци. За таа цел веќе се воделе прелминарни разговори со директорите не Техничкото и земјоделското училиште од Битола.

                

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php