Monthly Archive: May 2012

May 15

На повидок голема Австралиска инвестиција во Новаци

Менол Најдовски, родум од село Груништа- Мариовско, кој од својата 13 та година живее во Мелбурн Австралија, заинтересиран е да гради фабрика за производство на картонска амбалажа во Општина Новаци.

May 10

Легализацијата на дивоградбите успешно се спроведува во Општина Новаци

За нешто повеќе од година дена од стартувањето на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, во Општина Новаци од вкупно поднесени  968 барања за легализација на дивоградби , 120 веќе се реализирани  а дополнително доставени се и околу 100 тина елаборати по кои веќе се постапува.

May 08

Започна изградбата на бензиската пумпа во Новаци

Општина Новаци конечно ќе ја добие првата бензиска станица на нејзина територија, објект кој по изградбата ќе биде од голема корист за мештаните на  општина,кои за точење гориво требаше да одат дури до Битола.

May 08

ЕЛЕМ ќе гради соларна електрана во Општина Новаци

Електрани на Македонија ќе гради соларна електрана во пелагониската општина Новаци во рамките на проектот за искористување на автономни и хибридни варијанти на соларна централа.

May 08

Далгобевци доби ракометно игралиште и детски забавен парк

  30 тината деца од селото Далгобевци ќе уживаат во благодетите на ракометното игралиште и детскиот забавен парк кои во саботата беа свечено пуштени во употреба во присуство на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

May 08

Осветување на црковна сала во с. Далбеговци

Мештаните на селото Далбеговци во иднина сите верски слави, прослави, свадби и крштевки ќе ги одржуваат во црквата Христово Воскресение  , каде во саботата беше осветена новата црковна сала.

May 08

Градоначалникот Котевски го прослави Ѓурѓовден со верниците

По повод големиот христијански празник Ѓурѓовден посветен на светиот великомаченик Георгиј, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски присуствуваше на меѓународниот собир на верници кој се одржа во манастирот  во атарот на историското село  Чебрен во срцето на Мариово. Овој манастир е надалеку познат по своето училиште и богатата библиотека.

May 07

Министерот за образование и наука, Панче Кралев ја посети општина Новаци

Втор пат овој месец , министерот за образование и наука панче Кралев, ја посети пелагониската општина Новаци и оствари средба со градоначалникот Лазар Котевски. Во рамките на посетата го посети и  Централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ и подрачното училиште во село Агларци. 

css.php