«

»

Apr 24

“Земјоделците и природата – заедно” претставен во Новаци

Пред жителите на Општина Новаци беше презентиран и претставен проектот „Земјоделците и природата – заедно“ кој се однесува на природните придобивки од традиционалното земјоделство без разлика дали станува збор за растително или животинско потекло.

„Ваквите проекти се секогаш корисни за земјоделците,  за да може да се развива држабата треба да има развиено земјоделско производство“ изјави Илија Србиновски од подрачната единица на МЗШВ во Битола.„Националната програма за агроеколошки плаќања ќе стартува во 2013 година, а ова што го правиме се однесува на дополнување на агроеколошките мерки со мерки и подмерки кои се однесуваат на земјоделство со високи вредности што ќе им овозможи на земјоделците да го зголемат своето производство со повисок квалитет“  вели Сузана Кратовалиева универзитетски професор од Земјоделскиот институт од Скопје.Градоначалникот на Општина Новаци го истакна значењето од ваквиот вид проекти за жителите на Општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php