«

»

Apr 19

16 години општина Новаци

На 30 март Општина Новаци прослави 16 години од своето постоење. Советот на Општина Новаци одржа свечена седница,  на која  свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски. Тој уште еднаш потсети на најважните проекти кои што оваа општина ги реализира во текот на своето постоење. „ Со децентрализацијата од 2005 година Општина Новаци е постојано во подем и имаме реализирано многу проекти, како што е браната на река Црна, посебно канализациона мрежа во Новаци, чистење на канали, водоводи во Гермијан, Бач, Живојно, регионален водовод во Добромири, горно и Долно Агларци и Долгобевци“ рече Котевски. Во иднина приоритетите на Општината ќе бидат нсочени кон подобрување на условите за живот на локалното население и задржување на населението на овие простори.

Инаку, Новаци како Општина започна да функционира со териоторијалната поделба од 1996 година, а од 2005 година со децентрализацијата добива поголеми овластувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php