«

»

Apr 04

Со едукација до поголеми приноси

Агенцијата за поттикнување на земјоделството одржа трибина во Општина Новаци каде се дискутираше за хигиена на млекото, контењерски начин на производство на расад но и за прихрана и заштита на земјоделските култури. За земјоделците е важно да знаат дека само со постојано усовршување на земјоделското производство и со постојано едуцирање на земјоделците може да се стигне до поголемо и поквалитетно производство.

Она што најмногу ги интересира и за што прашуваат е како може да стигнат до субвенции.

„Ние колку што можеме им даваме информации, но ние сме советодавци, за тоа е одговорна платежната агенција“ рече во Новаци Јордан Кузмановски, директор на Агенцијата. Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски го поздрави овој потег на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој е во насока на подобра едукација, а со тоа и подобри приноси на земјоделците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php