«

»

Apr 04

Новаци ќе добие спортска сала

Во Општина Новаци беше поставен камен-темелник за изградба на спортска сала во О.У „Славко Лумбарковски“.Премиерот Никола Груевски, кој беше присутен на овој свечен чин,, истакна дека за првпат во ова населено место ќе се изгради училишна спортска сала која е дел од владиниот проект за изградба на 145 училишни спортски сали во цела Македонија.

„Овој проект започнавме да го реализираме поради фактот што и во 21. век голем број училишта и населени места во нашата земја воопшто немаа сопствена сала. Илјадници и илјадници ученици своите часови по физичко воспитување ги држеа под отворено небо, во училници или во несоодветни простории“ рече премиерот Груевски.

„ Во Новаци ќе се изгради спортска училишна сала со 610м2 ќе чини 24 милиони денари средства од буџетот на РМ и дел од европската банка за развој“ истакна министерот за образование Панче Кралев.

Салата ќе биде опремена со најмодерна спортска опрема и ќе биде оспособена за повеќе видови спортови. Објектот ќе и биде отстапен на Општина Новаци и во неа ќе можат да спортуваат, покрај учениците од училиштето и спортски клубови, спортисти и други кои сакаат да се рекреираат.

„ Оваа сала е од големо значење за Општината затоа што на младите ќе им помогне во борбата со пороците и во развојот на спортот “ рече градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски.

     

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php