«

»

Mar 22

Општина Новаци со индустриска зона

Нова индустриска зона се предвидува од страна на Општина Новаци која ја почна постапката за изработка на потребната урбанистичка документација. Проектот е поддржан  од Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. „Индустриската зона е проектирана на површина од 10 хектари, во непосредна близина на реката Црна, на левата страна од патниот правец Битола-Новаци. Нашата индустриска зона се вика „Жабарник“ и во неа е предвидена градба на повеќе објекти наменети за преработувачки капацитети, мали компании за преработка на млеко и сирење“ рече градоначалникот на Општина Новаци  Лазар Котевски. Од општина Новаци очекуваат со поддршка на Министерството за транспорт и врски да се изврши уредување на земјиштето, а во следната фаза распишување оглас за јавно наддавање и за купување на парцели за домашни или странски инвеститори.

Одлука за индустриска зона во о.Новаци

Формулар за СЕА Индустриска Зона

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php