«

»

Mar 07

Книга за дедо Кољо Добровенски

По повод 108 години од смртта на војводата дедо Кољо Добровенски се промовираше книгата од авторот Ѓорѓи Лазаревски, која е финансирана од Општина Новаци. Градоначалникот на општината лазар Котевски, потекнува од неговата лоза.

„За среќа, јас сум трето колено на дедо Кољо Добровенски кој има 3 синови, а едниот, Ристо е татко на мојот дедо. Посебно ме радува ова. Во општината имаме одлука на Совет за да изградиме споменик во паркот каде луѓето ќе можат да евоцираат спомени“ вели градоначалникот Котевски. Војводата дедо Кољо Добровенски на 21 февруари отишол во селото Скочивир заедно со својата чета, раскажува авторот на книгата проф. Ѓорѓи Лазаревски и таму бил поткажан од гркоманските шпиони. Почнала потерата по него и тој постепено почнал да се повлекува кон селото Петалино. Престрелките започнале, дедо Кољо бил ранет и потоа убиен. Градоначалникот на Општина Новаци вели дека од ова подрачје произлегле голем број дејци и војводи и дека ќе се продолжи со натамошно истражување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php