И покрај ангажираната механизација и сите напори што ги направи Општина Новаци, сепак во мариовско имаше села кои беа отсечени од светот. На околу 200 жители од 6 села во овој регион им беше доставена храна и лекови со хеликоптер.
„При вакви временски услови после снежните врнежи по трет пат ги чистиме улиците , ама со последниот снег доста села беа блокирани. Имаме ангажирано механизација , ама не можевме во некои села да се пробиеме“ рече градоначалникот Лазар Котевски.
Помошта беше обезбедена од дел од стоковите резерви и дел од Општина Новаци, а се вршеше дотур во селата Зовиќ, Градешница, Будимирци, Старавина, Груништа, Ивени и Скочивир.














