«

»

Feb 06

968 барања за легализација во о.Новаци

Со Законот за легализација на нелегално изградените објекти беа  опфатени и руралните средини, кои припаѓаат во поновите општини. Тука проблемот со легализирањето беше доста сложен, затоа што голем дел од руралните средини се воделе како неурбанизирани делови, а со тоа и самите нивни објекти претставуваат дивоградби.

Поради големиот интерес на населението за легализирање на своите градби, во Општина Новаци со одлука на Совет беа донесени општи акти за олеснување и упростување на целата постапка за легализација. Најголем проблем претставуваа најоддалечените населени места.

На крајот, по законскиот рок кој истече на  3-ти септември, во Општина Новаци беа поднесени 968 барања за легализација.

Градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски смета дека бројката е повеќе од очекувана, но проблемот е во тоа што за жал нема урбанизација на населените места.

„Како Општина имаме 40 наслени места и на жалост ретко населени но сите сакаат да си ги легализираат објектите. Прво ќе извршиме урбанизација па потоа озваничување на легализацијата” рече градоначалникот Котевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php