Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци ја промовираше туристичката мобилна апликација

dsc_2235

Станува збор за мобилна апликација која содржи мапи на планински патеки, велисипедски и џип рути и историски места во општина Новаци.

На веб страната се аплодирани околу 12 планински рути кои се претходно снимени и 4 планински рути за историски места.

Мобилната апликација е изработена по сите интернационални стандарди и е бесплатна за слегување.

Ги има следните функции: touch контроли, динамички мапи кои користат ГИС кординати комбинирани со Смарт филетери, ГПС функции за навигација во реално време, можност за споделување на фејсбук, твитер и други социјални мрежи и сл.

Апликацијата е изработена на македонски и англиски јазик. Има можност за претходно планирање на патувањето со одредување на почетна и завршна тоќка и навигација во текот на патувањето во реално време.

Мобилната апликација можете да ја симнете на следната веб адреса: www.tourdemariovo.info

На оваа мобилна апликација туристите ќе најдат доволно информации поврзани околу алтернативниот туризам на територијата на општина Новаци.

dsc_2232

Истата  е изработена со европски средства во рамките на имплементацијата на проекот „ Жива историја, жива природа 2“ од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција 2007-2013.

Партнер на општина Новаци е грчката општина Алмопиа.

 

 

Back to top
Skip to content