«

»

Feb 06

Четири проекти на Општина Новаци

Министерството за животна средина и просторно планирање наскоро, во општина Новаци, ќе реализира четири еколошки проекти.
– Со цел да се надминат проблемите со аеро загадувањето, оваа општина ќе биде вклучена во есенската акција за засадување на млади дрвца, исто така ќе финансираме изградба и ограничување на депониите како што е случајот со депонијата во селото Старавина.

Трет е проектот за изградба на пумпна станица која ќе ги третира отпадните води, додека четврт е проектот за изработка на Локален еколошки акционен план за општина Новаци, соопшти Дејан Пановски, државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање

За време на престојот во општината Новаци, државниот секретар Пановски оствари средба со градоначалникот Лазар Котевски.
– Проектите се од големо значење за нашата општина. Исто така очекуваме заедно со општините Битола и Могила да ги добиеме и планираните 450.000 евра како надомест за еколошките проблеми со кои се соочуваме, предочи градоначалникот Котевски на средбата со медиумите.
Еколошките проекти на Министерството за животна средина и просторно планирање, како што беше нагласено на денешната средба во Новаци, позитивно ќе влијаат и врз одгледувањето на земјоделските култури во оваа општина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php