«

»

Feb 06

Фотоволтаична централа во с.Гермијан

Во селото Гермијан, кое е во состав на Општина Новаци, заврши изградбата на фотоволтаична централа.Електраната, која наскоро свечено ќе биде пуштена во употреба е со капацитет од 1 мегават и е прва од ваков тип во Македонија. Ја направи фирмата „Мега-солар“ од Скопје.

„ Како локална самоуправа на инвеститорот му обезбедивме комплетна логистичка поддршка, потребната документација, решенија за градба и други одлуки од наша надлежност’ вели градоначалникот на Општина Нобави лазар Котевски, кој информираше дека оваа инвестиција чини околу 3 милиони евра.

Општина Новаци очекува оваа инвестиција да биде поттик и за други инвеститори, посебно за изградба на ветерници кои би произведувале електрична енергија за што се посочени неколку локации кои се погодни за ваков тип инвестиции.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php