«

»

Feb 06

УСАИД со донација за училиштето во Новаци

Учениците со посебни потреби од ОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци добија опрема со која ќе можат да бидат редовно вклучени во образовниот процес. Опремата се состои од коммпјутерски  и други вид помагала.

За да можат децата го хендикеп да се вклучат во наставата и да ги користат помагалата, на почеток ќе треба да се обучат и самите професори. Директорката на училиштето појасни дека во Општината Новаци има 20-тина деца во повеќе категории на хендикеп. Невладината огранизација „Отворен прозорец“ од Скопје која ја обезбеди опремата смета дека со ваков вид на донација ќе им се овозможи вработување и на возрасните лица кои имаат одреден хендикеп. Новаци е меѓу првите рурални општини што добија асистивна опрема за децата со посебни потреби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php