«

»

Feb 06

Топлификација од РЕК еколошки корисна за Новаци

Експертите се со став дека проектот Топлификација за Битола, Могила и Новаци од РЕК Битола ќе биде позитивен. Според проф. д-р Ристо Цоцонков од Машинскиот факултет во Скопје треба да се направи добра пресметка колку тоа ќе грее, колку граѓани сакаат да се приклучат.Пареата од кулите во РЕК  треба да се искористи да не оди во воздухот кога може да затоплува домови. Исто така тоа е доста еколошки процес кој ќе го намали загадувањето, особено во средините каде најчесто луѓето се греат на дрва, каков што е случајот и со општина Новаци. Препораки се упатуваат и до Владата повеќе да ги стимулира изворите на обновлива енергија, за кои постои голем потенцијал во Општина Новаци. Како добра алтернатива професорот ги посочи и топлинските пумпи кои изминативе 5-6 години, посебно во Северна Европа, даваат одлични резултати на полето на енергијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php