«

»

Feb 06

Средства од законот за минерални суровини

Со донесувањето на Законот за минерални суровини,  Општина Новаци придобивката ја почуствува во повеќе области со исплаќање на одредени средства, како општина која на своја територија има објект кој преработува фосилни горива, суровини и минерали.„Со донесувањето на Законот во 2009-та ги добиваме тие средства по однос на концесии и по однос на фосилните горива односно загадувањето. Претходно не добивавме ништо, па сега овае голем придонес за општината. Тие средства ги употребуваме за подобрување на условите за живеење и имаме реализирано многу проекти”- вели градоначалникот Лазар Котевски.
Овие средства се користат за инфраструктурно уредување,  еколошка заштитата и реализација на проекти од оваа област, како и за афирмација на Општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php